Крис и Ријана раскинале заради Дрејк

article-2276772-177E0183000005DC-34_634x421

Ријана и Крис раскинаа повторно, барем за сега. Двојката се скарала ноќта после доделувањето на „Греми“ наградите, бидејќи наводно, пејачката се допишувала преку пораки со нејзиниот поранешен дечко, Дрејк, што секако ни најмалку не му се допаднало на Браун.

Тие двајцата ја напуштиле церемонијата со намуртени лица, а потоа продолжиле во клуб каде седеле на сосема различни страни.

„Крис и Ријана имаа огромна караница поради Дрејк“, изјавил неименуван извор за таблоидот „Стар“.

„Тој ја забележал како таа пишува пораки, по што ноќта не заврши добро. Од таа ноќ тие воопшто немаат разговарано и секој се вратил на својот пат. За сега имаат раскинато, но со нив никогаш не се знае.“

- Реклама -