Во интервјуто за „The Mirror“, Крис Браун отворено проговорил за односот со Ријана и потврдил дека се повторно во врска. Пејачот го опишал нападот врз неговата девојка како најголемата грешка во животот, но додал дека сега му е простено.
„Поради таа ноќ ќе се каам засекогаш. Беше тоа најголемата грешка во мојот живот“, изјавил Крис сеќавајќи се на нападот врз Ријана кој се случи во 2009-та година.
Парот од тогаш неколку пати раскинуваше и повторно се смируваше, а како што потврди и Браун, сега се повторно заедно.
„Што да кажам.. Таа ме сака. Ми прости, но многу се трудев. Некогаш доаѓате до конфликти со личноста која ја сакате, и се изговараат работи кои сосема можат да ја извадат ситуацијата од контрола“, раскажал пејачот.
Сепак, иако Ријана и Крис одлучија да го остават овој инцидент зад себе, јавноста и понатаму не го заборава овој немил настан.
Дури и на неодамнешните „Оскари“, Сет Мекфарлен направи шега на нивна сметка во најавата за филмот „Џанго“.
„Ова е приказна за човек кој се бори да ја поврати својата жена, жртва на насилство, или како што Ријана и Крис би го нарекле-состанок“.