Кремљ: Желбата на НАТО за „воен Шенген“ ги зголемува тензиите и е причина за загриженост

Кремљ денеска соопшти дека желбата на НАТО да има воен пандан на Шенген зоната во Европа за да се овозможи слободен премин на војниците низ територијата на земјите-членки на Алијансата ги зголеми тензиите и е причина за загриженост.

Началникот на логистичката команда на НАТО, генерал-полковник Александар Золфранк, во интервју објавено вчера изјави дека би сакал да види таква зона. Тој ја изрази својата загриженост што премногу бирократија во цела Европа го попречува движењето на армиските единици, и тој проблем би предизвикал значителни одложувања при евентуален конфликт со Русија.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија ќе одговори ако предлогот стане реалност.

МИА

Прочитајте и:  Кремљ одби да коментира дали Русија и помогнала на Северна Кореја во развојот на ракетната технологија
- Реклама -