Креативноста е моја професија

Неодамна во срцето на Битола се отвори креативното студио Кк Дизајн во сопственост на дизајнерката на модни додатоци Кристина Крстевска.
Таа вели дека студиото е нејзиното катче каде што се создаваат само убави работи. Таму можете да ги погледнете сите најуникатни парчиња накит , рачно изработени, впечатливи и неповторливи.

„Ја одбрав креативноста за моја професија, сакам да ги создавам сите тие мали детали , се пронајдов себеси и едноставно не можам да престанам. Секое парче носи дел од мене и од мојата душа, ги изработувам со посебно внимание и љубов“, вели таа.

1510843_708698595909296_7613666717362628858_n

За нивната изработка е потребно доста време, па затоа рачните изработки се толку ценети и со посебно значење насекаде низ светот.

Некои од нив се изработени во романтичен стил, некои се елегантни зависно од моменталната инспирација но најголем дел се во модерен барок стил во кој комплетно се пронаоѓа креаторката.

Прочитајте и:  Скромниот кројач од Скопје кој стигна до најлуксузните модни куќи во Париз

„Моментално во тек е изработката на колекцијата пролет лето , која е гламурозна и модерна, со многу цветни детали. Најголем хит во моментот во моето студио се златните круни во комбинација со масивни обетки како и раскошните ѓердани кои се незаменливи според мене“, раскажува Кристина.

Како новитет Кк Дизајн ја воведе и колекцијата за мажи. Софистицирани лептир машни и марами кои засега се одлично прифатени од страна на клиентите.

Неодамна на доделувањето на наградите од Битолски Весник за најуспешни битолчани за 2014година и доделено посебно  признание за нејзиното атеље.

10848562_462151747271659_8937208267041363427_o10929122_717757408336748_5801858852148576820_o

- Реклама -