Интересниот производ бара и интересна торба во која ќе биде ставен. Изненадувачки е какви сѐ торби за купување може да се пронајдат ширум светот. Од торба која личи на гајба пиво, па сѐ до торба со невидлива рачка…
Интересниот производ бара и интересна торба во која ќе биде ставен. Изненадувачки е какви сѐ торби за купување може да се пронајдат ширум светот. Од торба која личи на гајба пиво, па сѐ до торба со невидлива рачка…
Ова е умно смислена торба на компанијата Wheaties, која ве инспирира да останете во форма или барем да ја носите секогаш пред вас.
Ако сакате да купите нешто од продавницата за секс играчки Condomi, во Германија, вашиот производ ќе ви го стават во една ваква торба.
Овие интересни торби се дизајнирани за кампањата на Гринпис, наречена „Подај ми ја твојата рака“, со цел да ги поддржи животните. Кога ќе шетате со една ваква торба, ќе му покажете на светот дека му подавате рака на животното што е на неа.
Оваа торба на која има тег (испечатен од двете страни) е од фитнес центрите Fitness Company.
Оваа торба е дизајнирана од Лео Барнет и на неа има железен зглоб, со цел да направи да изгледате помажествено.
Шуменско пиво: визуелниот ефект дека всушност носите гајба пиво е забавен и многу ефективен.
Магична торба – оваа торба дава впечаток дека лебди (има проѕирни врвки за замена на рачките) и е искористена како промоција за еден бутик.
Идеата за оваа торба е на Hurriyetoto.com, голем сајт за продажба на возила во Турција.
Оваа торба доаѓа од една агенција во Париз. За време на Париското автомобилско шоу тие сакале да покажат што повеќе сообраќај, па резултатот е доста интересен и забавен.
Филипинската електрична компанија Meralco сакала да ги едуцира луѓето како да заштедат енергија и да ги намалат своите сметки.
Интересна торба од финскиот парфем Tom, која ве прави да изгледате како да вадите нешто од вашите панталони.
За да го промовираат својот нов чај, Lipton чаевите созадоа торба која личи на ќесичка чај.