Крава на делови

butcher-diagram-sm[1]

Стартап-от од Сиетл – Crowd Cow, претстави нов вид на краудфундинг („фундирање од толпата“) на месната индустрија, во обид да ја промовира идејата за одржливо производство на месо. Со нивна помош, купувачите ќе можат да порачаат одредени специфични делови од крава, и тоа во точната количина што им е потребна. Кравата ќе биде заколена само откако ќе биде „исполнета“ т.е. не пред онлајн да бидат резервирани 67% од нејзиното тело.

Наддавањето за делови од жива крава звучи брутално и нечовечно, но ко-основачите Џо Хајцберг и Итан Лоури сметаат дека ваквиот систем ќе го намали бројот на залудно заклани крави и аргументираат дека е многу поразумен и економски поефикасен и поодржлив отколку класичното одгледување на месо. Според нив, потрошувачите сé повеќе се интересираат од каде доаѓа храната што ја јадат и сé повеќе преферираат да купуваат локално, од локалните фармери. Но, во таков случај, на купување месо од природно пасени говеда, луѓето би морале да купуваат големи количини, што би биле многу тешки за чување.

Crowd-Cow[1]

Затоа, Хајцберг и Лоури решаваат да го искористат своето искуство во crowdfunding бизнисот и да го решат овој проблем. Така ја почнуваат Crowd Cow, компанија која откупува крави од индивидуалните ранчери ширум Вашингтон, и потоа ги поставува една по една на „аукција“ на веб сајтот, каде купувачите имаат можност да постават „резервации“ на овој или оној дел од кравата. Тие сметаат дека со тоа што 50 или повеќе луѓе учествуваат во купувањето на една крава, секој има пристап до високо-квалитетно месо и по достапни цени. Наплатата од кредитните картички се врши дури откако кравата е „исполнета“ и е одобрена за колење.

Според основачите, нивниов систем има неколку предности – пред сé тоа што нивните крави се „природни“, повкусни и поздрави, а директното купување од фармата ги намалува дополнителните трошоци, па месото е поевтино за 10 до 30% од она во месарите… Да не навлегуваме во детали, нас ни се виде интересен концептот.

- Реклама -