Седнуваат маж и жена во ресторан на вечера.
По некое време во ресторанот влегува згодна девојка, се упатува кај мажот и му седнува во скут:
– Па кај си сонце мое, те нема да се јавиш 7 дена, кога ќе се видиме? Те чекам, му шепнала таа и си заминала.
Жената на мажот се збеснала:
– Која ти е оваа бе?
Мажот без изговори и одговорил:
– Швалерката.
Жената не можела да поверува:
– Ѓубре едно, иди во 350, утре развод сакам. Јасно?!
Мажот повторно смирено и вратил:
– Во ред. Утре добиваш развод, но сфати го следново – кога ќе се разведеш, нема летување во Грција, Шпанија, Египет, Хаваи, Кариби, нема зимување на Алпите, Копаоник, нема скапи коли, јахти, шопинг, накит, шминки, вечера во скапи ресторани…
Жената се замилила и замолкнала.
После неколку минути во ресторанот влегол нивен познаник, со презгодна девојка.
Кога го видела ова, жената го прашала маж и:
– Која му е онаа?
На тоа мажот и одговорил:
– Неговата швалерка!
Жената се насмеала:
– Нашата е поубава!