Кратка историја на пастата за заби

Можеби не во денешната форма, но пастата за заби ја има на светов многу подолго отколку што претпоставувате. Почнуваме со 7 милениума порано:

5000 година п.н.е. : Првите забележани формули на примитивна паста за заби датираат од околу 5000-тите години пред нашата ера.

4-ти век од наша ера: Египќаните веќе правеле своја паста за заби, од сол, листови од мента, сушени цветови од ирис и папрат, помешани во пудра за чистење заби. (Не пробувајте дома, за да не завршите со крвави непца)

1780 година: Звучи контрадикторно, ама кон крајот на 18-от век, луѓето ги полирале забите со трошки од препржен леб.

1873 година: Тогаш за прв пат е произведена комерцијална паста за заби со фин мирис. Ја произведе Colgate, а беше пакувана во тегла.

1914 година: Откако е откриено дека флуорот ја намалува појавата на кариес, тој стана составен дел од формулите на популарните пасти за заби на пазарот.

1987 година: Се појавува првата паста за заби погодна за јадење, наменета пред сé за деца, и со фин вкус. Таквата паста всушност првично е измислена за астронаутите на НАСА, за да можат на мисиите во вселената да мијат заби, а да не мора да ја плукаат пастата (во вселенскиот брод во кој нема гравитација).

1989 година: Компанијата специјализирана за нега на заби – Rembrandt, ја измисли првата паста за заби што, според, нив може да ги избели забите и така да ја разубави насмевката.

 

- Реклама -