Само сакала да повика на прекунување на борбите во појасот Газа но постигнала сосема спротивен ефект!
Мадона со најдобра намера на својот Инстаграм профил објавила фотографија на која стои меѓу два танчери кои на своите гради имаат нацртано муслиманси и еврејски симболи.
Со зборовите: „Нема поделба. Сите крвариме во иста боја“, повикала на прекин на судирите во појасот Газа, но, предизвикала бес во јавноста па дури и расправии меѓу нејзините фанови.
Повеќето коментари за фотографијата се негативни и обожавателите ја сметаат за невкус. Но, освен тоа, и Мадона и Лејди Гага сакаат да пејат на одбележувањето на 25 годишнина на падот на Берлинскиот ѕид на 9-ти ноември во Германија, но место има само за една, па и тие две се најдоа во конфликт.