Крај на кружните пластични шишиња за вода

Дизајнерите Џеси Лијурти и Џонатан Бирт создадоа идеално шише за денешните зафатени луѓе – тоа е еднократно и е целосно рамно.

Неговата форма е многу посоодветна за чанта, ранец и торба за документи, од кружните шишиња. Тоа се нарекува  Memobottle и може да се мие во машина за садови.

Постојат три големини. Сите тие се многу поудобни за носење меѓу книги и папки во чантата, отколку кружните.

Дизајнерите се надеваат дека на овој начин ќе се намали бројот на користените шишиња за еднократна употреба.

Изумот доаѓа од Австралија, а создавачите велат дека годишно во светот се продаваат 600 милијарди пластични шишиња со вода, а само 20% од нив се рециклираат.

Двајцата австралиски дизајнери исто така истакнуваат дека флашираната вода е 1 400 пати поскапа од онаа од чешма.

 

rot bot4(1) bot

- Реклама -