Крадците ве советуваат како да се заштитите од ограбување

Повеќе... Осудените провалници од Северна Каролина, Орегон, Калифорнија и Кентаки му ги доверија своите „тајни на занаетот“ на Richardu T. Wright, професор по криминалистика на Универзитетот Мисури, за неговата книга „Провалници на работа“. Прочитајте ги нивните совети за тoa како да се заштитите од ограбување.


provalnikОсудените провалници од Северна Каролина, Орегон, Калифорнија и Кентаки му ги доверија своите „тајни на занаетот“ на Richardu T. Wright, професор по криминалистика на Универзитетот Мисури, за неговата книга „Провалници на работа“. Прочитајте ги нивните совети за тoa како да се заштитите од ограбување.

Ова се работите кои крадците никогаш нема да ви ги кажат пред да ве ограбат:

1. Нормално дека ви изгледам познато. Бев овде минатата недела и ви ги бојосував ѕидовите, ви ги чистев теписите и ви го донесов новиот фрижидер.

2. Ви благодарам што ми дозволивте да го користам тоалетот кога работев во вашиот двор изутринава. Додека бев внатре го оставив прозорецот подотворен за да си го олеснам враќањето подоцна.

3. Го сакам вашето цвеќе и луксузно опремената градина. Ми зборува за тоа каков е вашиот вкус, а вкусот значи дека поседувате и многу убави и скапи работи внатре во вашата куќа. Играчките кои децата ги оставаат во дворот, прават да се запрашам какви компјутери или конзоли за видео игри поседуваат.

4. Да, навистина фрлам поглед врз старите весници кои сте ги оставиле пред куќата. А можам да оставам и леток за пицерија пред вашата влезна врата само за да видам колку долго сте отсутни.

5. Ако паѓа снег додека сте на пат, замолете ги соседите да направат траги од гуми и стапала. Недопрениот снег пред вашата влезна врата е добар знак дека не сте дома.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

6. Ако имате декоративно стакло на влезната врата, не дозволувајте алармот да ви биде поставен на толку видливо место. Лесно можам да видам дали работи, а тоа навистина ми ја олеснува работата.

7. Алармите обично се поставуваат на приземјето каде што се наоѓа влезната врата и задниот излез, додека горниот кат, каде најчесто се наоѓа спалната соба и местото каде го чувате накитот остануваат незаштитени. Не е лоша идеја да го осигурате и горниот кат.

8. Паѓа дожд, се мачите со својот чадор и заборавате да ја заклучете вратата, што е сосем разбирливо. Но имајте на ум дека крадците нема да земат слободен ден заради лошото време.

9. Секогаш прво чукам на вратата. Ако ми одговорите, ќе прашам за правец или, ако се работи за постари луѓе, ќе се понудам да го исфрлам ѓубрето. Доволно е само да фрлам поглед на вашиот ходник и она што се наоѓа зад него.

10. Навистина мислевте дека нема да погледнам во вашата фиока со чорапи? Секогаш ги проверувам местата каде што се чува облеката и лековите.

11. Еве еден совет кој може да ви помогне: Ретко ги проверувам детските соби

12. Имате право: Нема да имам време да го провалам вашиот мал куќен сеф. Што не значи дека не можам да го земам со себе.

13. Гласна телевизија или радио можат да бидат подобра заштита од најдобрите безбедносни уреди. Ако и не сте баш сигурни во тоа да го оставате вклучен телевизорот додека сте отсутни, можете да купите посебен апарат кој има тајмер и го симулира отсјајот и звукот на вистински телевизор.

- Реклама -