Козметиката и рокот на траење

Парфемот е најдолговечен козметички препарат и може да трае од осум до десет години.Препаратите кои ги користите околу очите треба најчесто да ги менувате.

Знаете ли колку долго смеете да ја користите својата козметика?

Просечниот рок на траење на течната пудра е од шест месеци до една година. Важно е само да не го допирате директно со рацете грлото на шишенцето, бидејќи бактериите можат лесно да се прошират на вашата омилена подлога.

Затоа подобро пудрата сипете ја на горната страна од дланките и потоа со прсти нанесете ја по лицето. Доколку се промени текстурата и пудрата започне да се раздвојува, не се препорачува да продолжите да ја користите.

Кармин

Карминот трае до една година. Крајно време е да го фрлите доколку ја промени текстурата, стане премногу кремаст, леплив или се исуши дотолку што ќе почне да пука. Векот на траење можете да му го продолжите, чивајќу го на ладно место.

Прочитајте и:  Џезерите ќе свират рок во салата на Македонската филхармонија

Моливче

Моливчето за очи има ист век на траење како карминот и може да издржи до една година. Моливчето трае подолго од сите препарати за очи бидејќи постојано се остри. Чувајте го надвор од купатилото, поради влагата.

Римел

Римелот трае три месеци, а по потреба можете да го промените и порано.

Руменило и камена пудра

Руменилото и камената пудра траат до две години. Важно е да бидат на суво место. Редовно чистете ги со четкичка.

Сенки за очи

 

Сенките траат речиси две години, но бидејќи ги користите на очите, менувајте ги порано.

Лак за нокти

Лакот за нокти има век на траење од една до две години. Треба да го чувате на суво и ладно место, што подалеку од директни сончеви зраци и топлина.

- Реклама -