Совети за кожа без сјај

Има разлика помеѓу сува, хидрирана и сјајна, и масна кожа. Тешко е да ги контролирате масните жлезди, особено во текот на летото кога е премногу топло. Па, ако планирате вечерно излегување, еве како да ја задржите вашата кожа без сјај.

Чекор број 1

Нанесете тонирана крема откога ќе го намачкате лицето со тоник, а дури потоа нанесете течна пудра. Ова ќе помогне да се зацврсти вашата основна шминка, па нема да се лизга ако малку се испотите.

Чекор број 2

Набавете течна пудра без маснотии која, исто така, ќе соджи состојки кои ќе апсорбираат масти. Истото важи и ако користите пудра во прав. Уште еден добар трик е, откако ќе ја нанесете течната пудра на целото лице, да земете голема четка со долги влакна и да нанесете камена пудра по целото лице. Така, вашата шминка ќе се фиксира, а камената пудра ќе го отстрани сјајот од лицето.

Чекор број 3

Доколку имате масна кожа, користете хигиенски марамчиња за впивање на маснотиите од кожата. Тие го задржуваат вишокот на маснотии во текот на денот, и го освежуваат лицето. Сепак, имајте предвид дека тие ќе отстранат дел од вашата шминка, па ако по крајот на работното време планирате да се најдете со пријателите, понесете си го козметичките несесер и коригирајте ја шминката.

- Реклама -