Ковачевски синоќа завршил во болница поради труење со храна, но е во добра здравствена состојба

Премиерот Димитар Ковачевски синоќа бил примен на Инфективната клиника поради болки во стомакот, веројатно од труење со храна. Пуштен е дома и е во добра здравствена состојба.

„Пружена му е целосна здравствена нега по што состојбата веднаш му се подобри. Вечерта е задржан заради опсервација, а денеска е испуштен во сосема добра здравствена состојба“, велат од Владата.

Прочитајте и:  Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана
- Реклама -