Ковачевски: Постигнавме договор за минимална плата од најмалку 18.000 денари

Постигнат е договор со Сојузот на синдикати и со работодавачите за минимална плата од најмалку 18.000 денари, информираше премиерот Димитар Ковачевски на својот Фејсбук профил.

„Среќен сум и задоволен што можам да соопштам дека постигнавме договор и со Сојузот на синдикати и со работодавачите. 80.000 наши сограѓани, работници во различни индустрии, почнувајќи од мартовската плата ќе земаат најмалку 18.000 денари“, пишува Ковачевски, додавајќи дека оваа сума, за овие работници, ќе значи поголема нето плата за околу 45 евра месечно.

„Ветивме и реализираме мерки кои директно го помагаат животниот стандард. Во исклучително кризна година, година на европски и светски кризи, остануваме фокусирани на финансиска поддршка на граѓаните“, порача премиерот.

- Реклама -