„Германскиот канцелар Олаф Шолц и тука на самитот на Европската политичка заедница во Кишињев, Молдавија, ја повтори силната поддршка на Германија за интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ и следните чекори кои претстојат“, објави премиерот Димитар Ковачевски на неговиот Фејсбук профил.
„Разговаравме за забрзување на евроинтегративните процеси, кои се важни за безбедноста и стабилноста на регионот. Ова е најдобриот договор кој можеме да го добиеме и оваа историска шанса треба да се искористи“, напиша Ковачевски на Фејсбук.
Премиерот објави дека имал и пријатен разговор со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел.
„Ги потврдивме нашите ставови за евротинтеграцискиот процес на Северна Македонија. Важна е силната поддршка од нашите меѓународни партнери и поддржувачи, кои го препознаваат напредокот на нашата држава. Нашата иднина е во ЕУ, друга алтернатива немаме, нашите граѓани заслужуваат европска иднина и подобар животен стандард“, напиша Ковачевски.