Ковачевски новата година ќе ја дочека во кафуле на пијачка со пријателите, па вечерта со семејството

Премиерот Димитар Ковачевски доаѓањето на новата година ќе го прослави со пријателите во некое од скопските кафулиња, а денот ќе го заврши со семејството.

„Како и секоја година ќе ја прославам Новата година. Јас сум човек кој секогаш за 31 декември сум некаде по скопските кафулиња, така било со години, со моите другари од детство, и после една-две пријачки во центарот на Скопје секогаш денот го завршувам со семејството“, изјави Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање.

- Реклама -