Ковачевски му ја предаде премиерската функција на Џафери

Досегашниот претседател на Владата – Димитар Ковачевски, денеска ја предаде премиерската функција на новоизбраниот претседател на Владата -Талат Џафери.

Ковачевски го пречека Џафери, по што следеше кратка тет а тет средба и изјави за медиумите.

Како што  соопшти владината прес-служба, на средбата Ковачевски му го честитал стапувањето на премиерската должност на Џафери и му посакал успешен мандат и ефикасна работа, во името на, како што наведуваат, интересите на сите граѓани и на Република Северна Македонија.

„Претседателот на Владата Џафери искажа задоволство од досегашната соработка со Владата и истакна дека со особена одговорност ѝ пристапува на функцијата премиер, подготвен за сите предизвици кои ги носи извршната власт“, се наведува во соопштението.

Прочитајте и:  Владата ќе му позајми на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Ковачевски и Џафери, воедно, заеднички ја истакнале важноста од организација и спроведување мирни, фер и демократски избори и ефикасно спроведување на утврдените владини политики согласно Програмата за работа на преодната Влада, во насока на евроатланските определби на земјава.

- Реклама -