Фондот за здравствено осигурување за 14 дена успеа да се врати во целосна функција и да исплаќа плати и породилни отсуства на сите корисници на услугите на Фондот, што доколку истражите ќе се уверите дека е брзо, бидејќи на други институции во светот кои биле предмет на сајбер напад им биле потребни во просек 22 до 23 дена и тоа е индикатор дека Фондот одлично се има справено со овој напад, рече попладнево премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на прашање од пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНМЕ дали некој ќе понесе морална одговорност и дали се планирани оставки од Фондот за здравство, конкретно од директорката.
Премиерот уверува дека при тој напад не се случува излевање на податоците на граѓаните и здравствените податоци на граѓаните се безбедни без разлика што, како што кажа, одредени индивидуи придонесуваа во создавање паника дека личните податоци на грѓаните се загрозени.
Одговорност, според него, се бара кога за тоа постои реална причина, а во овој случај, како што рече, тоа не е така поради три причини.
„Прво ги видов договорите со кој Фондот ги има реализрано или биле во тек на реализација непосредно пред сајбер нападот и тие укажуваат дека подготовката од заштита од сајбер напади која ја спремале била на највисоко ниво и е согласно ревизорсите извештаи од претходните години кои кажале дека треба да се купат такви системи за кои веќе се потпишани договори. Сајбер нападот се случува непосредно пред тие да се стават во функција. Второ, во монментот кгоа се случува сајбер нападот тие се ангажираат 24 часа на ден и ангажираат експерти од земјата и од нашите стратешки партнери од странство за да го вратат во функција системот што е можно најбрзо. Трето кога е веќе јасно дека со конретнава работа и навремено се спремале и соодветно одгоовирле, го видов извештајот на ДЗР и тоа што биле забелешки, но и како по сите забелешки постапиле или се во тек на постапуивање, тоа значи дека директорката си ја работи работата со Фондот како што треба и според правилата, законот и прописите“, истакна Ковачевски.
Тој се заблагодари и на директорката на Фондот и на тимот, како и на главниот експерт и како што најави еден од ИТ експертите тој ќе го предложи за една од државните награди кои се доделуваат да ја прими во име на сите ИТ експерти кои се справуваат со сајбер нападите.
МИА