Ковачевски: Брзата реакција на Владата придонесе да спречиме ценовен шок за граѓаните

Брзата реакција на Владата и мобилизирањето на сите домашни капацитети за производство на електрична енергија придонесоа да спречиме ценовен шок за граѓаните, објави вечерва претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата влада, Димитар Ковачевски.

„Покачувањето на цената на електрична енергија за следната година ќе биде 9.48 проценти, што е далеку под првичните прогнози од преку 25 отсто. Се задржува ноќната евтина тарифа на струјата, како и таа во недела, а рестрикции нема да има. Владата дополнително обезбеди 60 милиони денари помош со Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година“, напиша Ковачевски, слично како и претходно Заев.

- Реклама -