Коцкари мамеле со радиоактивни карти

Сликата е објавена на официјалниот Твитер профил на берлинската полиција. Твитот.

Една 41-годишна сопственичка на ресторан во Германија е во проблеми со законот бидејќи наводно ги обележувала картите со радиоактивна материја и така мамела во игрите.

Берлинската полиција соопшти дека жената на некои од картите мачкала јод-125, што им овозможувало на коцкарите кои поседувале специјален детектор да знаат за кои карти се работи.

Истрагата е покрената откако минатата година дел од радиоактивните карти биле пронајдени за време на рутинска проверка на камион за ѓубре во фабрика за рециклажа. Потоа истрагата ја утврдила и рутата на камионот, за да ги открие потенцијалните извори на картите.

Порано месецов, истрагата резултираше со рација во ресторанот и неколку други објекти на осомничените. Пронајдени се 13 карти со радиоактивна материја. Сé уште се истражува колку пари биле заработени во измамничката шема со картите.

Во соопштението се дополнува и дека јод-125 обично се користи во медицински цели, и дека претставува ризик по здравјето при директен контакт без заштита.

- Реклама -