Костовски: СДСМ е отворена за сите политичари кои сакаат Северна Македонија да биде дел од ЕУ

СДСМ како владејачка партија е отворена за сите кои сакаат да се приклучат на парламентарното мнозинство, а тоа не треба да трае долго бидејќи се наоѓаме во многу важен период во очекување на датумот на преговори како и нов бран на ковид, истакна пратеникот на СДСМ – Мартин Костовски, во гостување во „Анализа“ на ТВ24.

Тој изрази надеж дека Алтернатива „ќе даде допринос“, односно ќе се вклучи во владејачкото мнозинство, особено со оглед што, како што истакна, мнозинството на Мицкоски не успеа. Со тоа, ќе се обединат прогресивните сили кои би дале допринос за почеток на преговорите со ЕУ, рече Костовски.

Случувањата во Собранието на денот кога требаше да се гласа доверба на Владата, додаде Костовски, заедно со деновите што следеа, го демантираа Мицкоски кој, како што рече, цела недела ветувал дека има 61 пратеник.

Прочитајте и:  Филипче по средбата со Сиљановска Давкова: Искрено посакувам ова да биде еден политички дијалог кој ќе стане пракса

„И по седми пат не успеа да обезбеди мнозинство“, подвлече Костовски.

Извор

- Реклама -