Костовски: Десет години, од 2006-та до 2016-та, Куманово беше избришан од мапата на државата

„Државата му должи на Куманово и државата сега му се оддолжува на Куманово“, изјави пратеникот на СДСМ – Мартин Костовски, на партиската трибина „Најдоброто за нашата општина“.

Костовски порача дека од 2006 до 2016 година градот практично бил избришан од картата на државата и централната власт воопшто не инвестирала во Куманово. Тој подвлече дека треба да се направи јасна дистинкција меѓу владеењето на СДСМ и претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи голем број проекти, како што се рехабилитација на патот Куманово-Страцин и новите градинки, како што рече, претходно биле мисловна именка за кумановчани.

„Владата им даде на општините 50 милиони евра за да ги покријат долговите од расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Но, се инвестира и преку проектот за поврзување на локални патишта, односно вкупно 450 километри. Потоа од ТАВ-програмата се обезбедени 35 милиони евра, иако тие имаа илузорни идеи за карго аеродром во Штип, но сега тие срества се пренаменети за модерна инфраструктура“, рече Костовски.

Прочитајте и:  Галетановски назначен за претседател на Градската организација на СДСМ во Скопје

Воедно, пратеникот им се заблагодари на кумановчани што оваа општина ја направиле, како што рече, бастион на СДСМ во изминативе три децении. Според него, СДСМ е сигурен победник на претстојните локални избори.

„Во октомври нѐ чека убедлива победа во Куманово и најголемиот дел од останатите општини. Имавме на претходните избори фасцинантна бројка од 16 советници, а за еден ни недостасуваше да имаме сами мнозинство, но сега тоа ќе го направиме. Воедно, со внатрепартсиките избори покажавме што значи модерна партија, а по реевиденцијата и изборот на раководството настапивме со сериозна агенда и разговараме очи во очи со граѓаните за да чуеме што треба да се направи и што треба да содржи новата програма. Без разлика кој ќе е кандидатот на нашата партија, ние ќе победиме во Куманово“, заклучи Костовски.

- Реклама -