Костадинов: Време е за солидарност, да се помогнат малите претпријатија пеплосани во пожарот во ТЦ „Глобал“

„Време е за солидарност, да се помогнат микро и малите претпријатија пеплосани во пожарот кој го зафати Т.Ц. ‘Глобал’ во Струмица“, истакна денеска портпаролот на СДСМ – Костадин Костадинов, одговарајќи на новинарско прашање.

Костадинов, кој поттикна иницијатива, како препорака, за отворање на солидарен фонд од страната на општина Струмица, рече дека за време на вакви катастрофи добро е општините да излгуваат во пресрет.

„Општината да претставува инка каде што ќе можат граѓаните, секако на доброволна основа да донираат средства, сѐ со цел излегување во пресрет на оние микро и мали компании коишто ги има, пред сѐ мислам на продавачите на тезги коишто ги имавме и ги имаме во трговскиот центар, односно Градскиот Пазар ‘Глобал’. Сметам дека на тој начин, навистина граѓаните ќе почувствуваат дека помагаат на свои сограѓани коишто во еден вака важен период, во една светска пандемија, за жал ги снајде дополнително една таква криза, како што е пожарот во Глобал”, рече Костадинов.

Прочитајте и:  Лефков: Дрин Ахмети книжел милиони под закрила на институциите водени од кадри на ДУИ

Тој појасни дека кога спомнува поддршка од страна на граѓаните и секој кој може, не мисли само на финансии:

„Солидарност за мене е секако и помагање и при расчистување на самиот трговски центар, остатоците, пепелта којашто ја има, и тоа е солидарност”, рече портпаролот на СДСМ.

Како што соопшти тој, добрата намера била препознаена и од страна на градоначалниот на Струмица, но имајќи ги во предвид законските обврски којшто ги има самиот градоначалник да одредени работи мора да поминат на Совет.

„Солидарност е не е милостина, туку чувство да се помогне во тешка ситуција“, порача Костадинов.

- Реклама -