Костадинов: Ја почитувам оставката на Заев, но ни треба нормализација и европска иднина

„На седниците на Извршниот одбор, а потоа и на Централниот одбор се отворија многу прашања, но имајќи го предвид моментумот во кој се наоѓаме, едногласно препорачавме претседателот на партијата и премиер Зоран Заев да ја одложи остаката“, повтори денеска претседателот на ЦО на СДСМ – Перо Костадинов, во гостувањето во „Утрински брифинг“.

Тој подвлече дека дебатата била конструктивна, а имало и критики, но расправата се одвивала во демократска атмосфера.

„Разговаравме за сето она што претставува реална состојба во државата во моментов. Прашањето за резултатите од локалните избори секако дека во иднина ќе се отвори, но во моментов има поважни прашања и затоа ЦО препорача Заев да ја одложи оставката“, рече Костадинов.

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон

Тој додаде дека тој лично ја почитува одлуката за оставка на Заев, но дека приоритет е нормализација в државата и општеството.

„Верувам дека патот што е трасиран изминатиот период ќе го задржиме и не сакам да верувам дека повторно ќе имаме процеси на назадување и периодот на убиство на духот на младите повторно да се врати“, рече претседателот на ЦО на СДСМ.

Костадинов акцентираше и дека ова беа локални избори, констатирајќи дека, „за жал, кај нас сите избори се на живот или смрт“.

Тој изрази верување дека, како што рече, државата нема да го напушти демократскиот пат и нема да западне во ретроградни процеси.

via

- Реклама -