Без разлика дали се преголеми или ја следат линијата на силуетата, кошулите-фустани се одличен избор за пролетната сезона.
Меѓу другото, кој не ја сака идејата буквално да носи кошула како фустан?
Кога купувате кошула која што ќе ја носите како тренди фустан оваа сезона, многу е важно да обрнете внимание на должината. Ви препорачуваме фустанот да биде до колената или подолг од задната страна.
Во пар со патики, сандали, балетанки или високи потпетици, кошулата – фустан може да ве одведе било каде: на работа, ручек или вечерни коктели.
Погледнете ги нашите омилени парчиња за оваа сезона.