Кортни Лав повторно „заплива“ во панк водите

„You Know My Name“ е насловот на новата песна на Кортни Лав, која е предвидено во мај официјално да биде претставена пред јавноста.

Станува збор за враќање кон корените на панкот, а кој со песната „Wedding Day“ на 4 мај ќе биде обајвена како двојна А-страна на новиот сингл на вдовицата на Курт Кобејн и фронтменката од групата Hole.

Со „You Know My Name“ се најавува и соло турнеја на Кортни Лав во текот на мај, а песната е објавена и на YouTube.

- Реклама -