Коронавирус во Македонија, состојба до 21 часот: Дијагностицирани уште 6 лица, вкупниот број се искачува на 76

Попладнево се дијагностицирани 6 лица позитивни на коронавирус. Со ова, вкупната бројка на регистрирани пациенти позитивни на коронавирус во земјата е 76, информираат од Министерството за здравство.

Како што велат, во текот на денов потврдени се и две лица – сопружници од Кавадарци, позитивни на вирусот, а во процес на тестирање е уште 1 лице од Кавадарци кое нема поврзаност со другите два случаи.

Досега се регистрирани заболени од Скопје, Дебар, Гостивар, Охрид, Штип и Кавадарци, додаваат од Министерството.

Согласно овие податоци, Македонија денеска бележи најголем дневен пораст на потврдени заразени случаи, вкупно 28.

- Реклама -