Што мислите кој е?
Дали лајкувате градови на Фејсбук? Дали сте го лајкувале својот град на социјалната мрежа?
Се појави листа на градови кои корисниците најмногу ги сакаат, односно ги лајкуваат.
Со повеќе од 15 милиони лајкови, Њујорк е омилен кај корисниците на Фејсбук, а зад него се Париз и Лондон, покажуваат податоците.
Многу градови имаат свои фан страни, за да привлечат туристи и да им понудат информации за атракциите, изложбите и рестораните.
Покрај тоа, Фејсбук сам создаде страна за поединечни локации, кои се поврзани со истоимените страници на Википедија.
Тие се покажаа како популарен избор меѓу корисниците на социјалните мрежи.
Еве ја листата:
Њујорк 15.363.714
Париз 9.144.939
Лондон 8.546.175
Лос Анџелес 7.176.469
Сао Паоло 4.915.960
Лас Вегас 3.286.174
Истанбул 3.221.451
Рио де Женеиро 2.913.718
Барселона 2.614.534
Атланта 2.343.999