Корисниците на Twitter имаат пократки врски

статистикаРомантичните врски на активните корисници на Twitter очигледно немаат иста должина како оние на остатоток од луѓето во светот, според статистиката од вебсајтот OkCupid. Сајтот кој редовно објавува информации и статистики за трендовите во романтичните врски, составил неколку табели за сексуалните навики на неговите корисници.

Сајтот ја одредува компатибилноста врз основа на одговорите кои корисниците ги даваат на илјадници прашања. Меѓу заклучоците до кои дошле статистичарите на сајтот се и два за корисниците на Twitter. Првиот: Луѓето кои секојдневно го користат Twitter имаат пократки врски, а овој проблем е понагласен кај постарите корисници, според анализа на 833.987 корисници на OkCupid.
статистикаПросечната врска на 18 годишник кој го користи Twitter е околу девет месеци, додека за „сите останати“ врската најчесто трае девет и пол месеци. На возраст од 50 години, честите твитерџии имаат врски кои траат во просек 15 месеци, додека останатите остануваат во врска во просек речиси 17 месеци. [Active Twitter users have shorter relationships]

- Реклама -