Има ликови што тие неколку секунди додека да се затвори вратата на лифтот им се доволни за да побеснат и да го спамираат копчето за затворање на вратата на лифтот. Ама, како што пишува New York Times, таквиот потег е залуден.
Тоа копче не е во функциоја уште од 1990 година, и нема врска со затворањето на вратата, се исповедаа производителите.
Експертите се надоврзуваат и истакнуваат дека функцијата на многу од копчињата во светот е единствено да ни дадат чувство на контрола врз нештото, па и кога всушност немаме. Таа перцепција дека имаме контрола над нешто е многу важна – со тоа се смалува стресот, а засиленото чувство на контрола резултира и со добро расположение. Од друга страна, недостатокот од контрола е тесно поврзан со депресивноста, вели Елен Џ. Ленџер – психолог од Харвард.
Слични случаи има и насекаде околу нас. Како пример се наведуваат пешачките премини со копчиња, кои морате да ги притиснете за да ви застанат колите и поминете преку улица; повеќето од нив имаат „плацебо“ копче, т.е. механизам кој не работи. Вистината е дека уште од 2004-та, семафорите се контролираат компјутерски. Сличен е случајот и со термостатите на разните уреди (* го гледа електричниот радијатор купен од „Пластичарска“ *). Во многу канцеларии, на пример, поставени се лажни, фиксни термостати, кои се таму со цел да ги убедат вработените дека ете, успеале да ја подесат температурата на оптималното ниво.