Копачките што Роналдо ќе ги носи на Светско во Русија (галерија)

Се знае, за него само најдоброто и најскапото.

На претстојниот пријателски натпревар против Египет, кој ќе се игра на 23 март, Кристијано Роналдо премиерно ќе ги облече новите копачки дизајнирани специјално за неговите репрезентативни настапи.

Новите копачки – модел Nike CR7 Mercurial, изгледаат фантастично, а Роналдо ќе ги носи на Светското во Русија, каде ќе ја предводи Португалија во обидот по европската, да дојдат и до светската титула.

„Да се биде капитен на Португалија е голема чест и ме прави горд. Јас сум еден од најстарите играчи во репрезентацијата, лидер сум на тимот и сакам да бидам пример за останатите“.

„Среќен сум поради новите копачки и се надевам дека со нив на Португалија ќе ѝ донесам ново злато. Секогаш за мојата репрезентација сум го давал максимумот, така ќе биде и во Русија“, вели Роналдо.

Копачките на Роналдо веќе можат да се порачаат и на официјалниот сајт на Nike, а чинат 255 фунти.

 

- Реклама -