Контроверзна рекламна кампања (видео)

контроверзен ресторанКонтроверзен ресторан кој се гордее и фали со фактот што послужува храна која не е здрава, лансирал нова промотивна кампања во која им нуди бесплатна храна на сите клиенти потешки од 160 килограми. Ресторанот, Heart Attack Grill, уреден со болничка тематика, веќе неколку години нуди масивни хамбургери, и покрај честите поплаки од нутриционисти и диететичари.

Контроверзен ресторан кој се гордее и фали со фактот што послужува храна која не е здрава, лансирал нова промотивна кампања во која им нуди бесплатна храна на сите клиенти потешки од 160 килограми. Ресторанот, Heart Attack Grill, уреден со болничка тематика, веќе неколку години нуди масивни хамбургери, и покрај честите поплаки од нутриционисти и диететичари.

контроверзен ресторан

Креаторите на хамбургерот Четирикратен Бајпас (со помфрит пржен во свинска маст) сега се обидуваат да се надминат себеси, кажувајќи им на клиентите потешки од 160 килограми дека можат да јадат бесплатно. А за во случај овој потег да не е доволно контроверзен, основачот „Доктор Џон“, советува дека најдобриот начин за уживање во нивните обрици е ако ги залиете со кригла студено пиво и цигара.

{youtube}p6E5pfJEROA{/youtube}

Но, одговорните лица од овој ресторан во Аризона велат дека диета која се состои од нивните оброци не е добра за вашето здравје. Во рекламата тие велат: „Некои несакани последици се зголемена телесна тежина, постојана потреба за поголема гардероба, болки во грбот, раст на машки гради, губење на сексуалните партнери, рак на белите дробови, скапување на забите, склероза на црниот дроб и неможност да го видите сопствениот пенис.“ [Heart Attack Grill – Taste Worth Dying For]

Прочитајте и:  Агелер: Немате поголем поддржувач и партнер од САД
- Реклама -