Тренерот на Јувентус, Антонио Конте жали за големиот број на пропуштени шанси поради кои Старата Дама само со реми се врати од гостувањето во Копенхаген.
Јувентус влезе како голем фаворит против ФК Копенхаген, но фудбалерите на Антонио Конте не успеаа да дојдат до триумф.
„Не мислам дека го потценивме противникот бидејќи и минатата сезона одигравме нерешено во Данска” – вели Конте.
„Во текот на мојата кариера научив дека и да креирате најмалку десет големи шанси не е доволно доколку топката не влезе во мрежата”.
„Не можам да се сетам дека на некој натпревар сме создале повеќе шанси откако јас сум тренер на Јуве”.
„Нивниот голман беше фантастичен, но и ние му помогнавме во тоа со лош финиш во завршницата од акциите”.
„Ова е фудбал и сите знаеме како функционира. Не е доволно да одиграте добро доколку не постигнете гол. Исто така ризикувате да го загубите натпреварот кога ќе промашите толку шанси”.
„Мислам дека напаѓачите одиграа добро и работеа напорно за тимот, им недостасуваше само гол. Но ова беше една од оние ноќи кога топката не сакаше да влезе”.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал