Конечно: Започна доставувањето на iOs 7

Новата верзија на оперативниот систем iOs 7 беше претставена уште на почетокот на летото, но Apple трпеливо поминуваше фаза по феза тестирајќи ги бета верзиите се до конечниот производ кој не смее да има никаква грешка во функционалноста.

ios-7-design

Сите кои имаат iPhone 4 или понов, iPad 2 или понов во попладневните часови веќе треба да проверат преку системот за надградба дали стигнала новата верзија на iOs 7 или пак тоа да го направат преку декстоп поврзување со iTunes.

ios 7 novi

Пуштањето во употреба се поклопува и со датумот на продажба на новите iPhone 5S и iPhone 5C кои ќе започнат со нарачки од сајтот на Apple во петок наутро. Освен за новите корисници, iOs 7 ќе биде доставен и до претходните модели, што значи дека во целост ќе можете да ги користите сите новитети на досега најунапредениот софтвер на Apple.

iphone-5s-and-iphone-5c(1)

Промените се пред се визулени кои веднаш ќе ги забележите, како новиот дизајн на иконите, позадината на менијата и транзициите кои сега се многу побрзи. Исто така има воведено за прв пат контролен центар од кој на брз начин ќе може да пристапите до сите опции.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -