Како што поголемиот дел од светот се обидува да се ориентира кон екологијата и ефикасното искористување на енергијата, така постојано се изненадуваме од новите концепти што придонесуваат за тоа. Овојпат – концепт за штедење вода во тоалетите.

Овој концепт е дело на дизајнерот Јенгво Кин и всушност е многу едноставен. Се темели на миење на рацете на истото место каде што и уринирате, заштедувајќи вода и време. Зашто да потрошите повеќе вода, кога можете помалку?
Иако овој концепт не е широко прифатен од јавноста, се надеваме дека ќе сфатиме колку водата всушност е важна за нас и дека преку вакви концепти ќе заштедиме дел од неа. Што мислите Вие?