… Само што, овие од насловот се двајца различни комшии.
4-годишно девојче во Fuzou, Кина, виси од балкон некаде на 5-6 спрат. Баба му го оставила само и отишла да пазари. Цел комшилук преплашено ја следи сцената.
Од една страна, мордибно нé фасцинира тоа што женава, иако очигледно е загрижена, преплашена и веројатно немоќна, успева да ја сними ситуацијата. Не ја судиме (ни текнуваат барем неколку оправдани причини зошто би снимала; а и од кај знаеме дека баш таа не ги алармирала соседите), ама сепак, чудно е колку се стопивме со смартфоните и колку раката ни е мирна кога фаќа кадри дури и во ситуации кога ние сме во паника.
Од друга страна, секако, нé фасцинира непоколебливоста на комшијата, оној вториот од насловот, кој по влечки тргна да го спасува детето.
… Муабетот, на крајот, ни е дека животот е глуп. Не знаеш во каква страшна ситуација можеш да се најдеш и кој од „комшиите“ (од зграда, од маало, од градот) ќе биде херојот што ќе спречи катастрофа. Во суштина, секој во наша близина, особено во близина на нашите блиски, е потенцијален спасител (затоа и сме почнале да живееме во заедништво, некогаш во орди, денес во градови). Фино ќе е така да се третираме.