Компонирање со тропкање на прстите

Повеќе... Идејата сигурно им паднала на памет на многумина музички фанови додека со прстите си ја тропкале својата омилена песна: зошто да не може тропкањето да го претворат во музика. Добро, за тоа веќе постои пијаното, но овој нов дизајнерски концепт ќе овозможи да се прави музика само со прстите и една ракавица како музички инструмент.

Идејата сигурно им паднала на памет на многумина музички фанови додека со прстите си ја тропкале својата омилена песна: зошто да не може тропкањето да го претворат во музика. Добро, за тоа веќе постои пијаното, но овој нов дизајнерски концепт ќе овозможи да се прави музика само со прстите и една ракавица како музички инструмент.

fingertap_1.jpg
Суштината на овој дизајнерски концепт е ракавицата со сензори на врвот од прстите. Рекордерот кој се наоѓа на ракавицата има софтвер кој ги зачувува звуците направени со тропкање на различни површини, кои понатаму можат да се едитираат, и истите во моментот на тропкањето (или музицирањето) ги испраќа (бежично) до слушалките.
fingertap_2.jpg
fingertap_3.jpg
Дизајнирано од Petr Hampl.
- Реклама -