Комплетирана полуфиналната четворка

raonic

Мареј го совлада осмиот носител Давид Ферер со 3-1 во сетови и тоа (6-3, 6-7, 6-2 и 6-3). Тој во полуфиналето ќе се сретне со Милош Раониќ кој успеа да слави со 3-1 во сетови против незгодниот Французин Гаел Монфис. Со оваа победа, не само Раониќ туку и канадскиот тенис пишува тениска историја. Имено, Милош Раониќ е првиот Канаѓанец кој успева да се пласира во завршницата на овој турнир, поточно полуфиналето.

Интересно е што тој, кој важи за еден од подобрите сервери на денешницата поради неговите предиспозиции, имаше помалку асови од Французинот (14/10), но сепак агресивната игра и снажниот форхенд му донесоа повеќе винери кои значеа чиста победа од (6-3, 3-6, 6-3, 6-4).

Мареј – Ферер

Раониќ – Монфис

- Реклама -