Компири полнети со ќебапи

Компири и ќебапчиња се совршена комбинација. Но, како да ги имате заедно споени на чинија и да ги вкусите во еден залак?Подгответе компири полнети со ќебапи. Ќе се зачудите како порано не ви текнало на овој лесен и едноставен рецепт.

Состојки: 10 ќебапи, 10 компири со големина приближна на ќепабите, сол, бибер и павлака по вкус или кашкавал

Подготовка: Излупете ги компирите, измијте ги и извадете им ја средината доволно за да го собере ќебапот. Зачинете го компирот и одозгора полијте зејтин, а потоа во вдлабената средина ставете го месото. Готовите компири ставете ги во тепсија. Печете на најсилна температура додека месото и компирите не поруменат и пред крајот одозгора ставете павлака или изрендајте кашкавал.

Добар апетит!

- Реклама -