Јогуртот и дава посебна сочност на вкусната салата со компир.Состојки:
лажичка сол
1 kg компир
130 g јогурт
130 g мајонез
2 лажички шеќер
3 главици кромид со средна големина
3 лажици сок од лимон
лажичка сецкан магдонос
Подготовка
1. Сварете го компирот во лушпа, излупете го и исечете го на коцки. Во голема чинија измешајте мајонез, јогурт, лимонов сок, шеќер и сол. Додадете ги компирот и кромидот исецкан на престени. Протресете ја чинијата, за да ги соедините состојките.
2. Поклопената чинија држете ја на ладно најмалку четири часа пред да послужите.