Компани уште шест години во Манчестер Сити

Раководството на Манчестер Сити реши да го награди својот капитен Висент Компани со нов шестгодишен договор, откако белгискиот ас го предводеше овој амбициозен клуб до шампионската титула во Премиер лигата.

Искусниот дефанзивец, кој што пристигна во Сити од редовите на Хамбургер во 2008 година, важи за еден од милениците на навивачите, што беше причина управата да му понуди фантастични услови и плата од 100.000 фунти неделно за да го продолжи својот престој меѓу „Граѓаните“.

„Кога некаде се чувствуваш убаво, нема потреба да се размислува за промени. Во Сити минав неколку прекрасни години и пресреќен сум што управата ми укажа доверба и ми понуди дури шестгодишна соработка. Воопшто не се сомневам дека го правам вистинскиот избор и со нетрпение ги очекувам следните предизвици. Мечот со КПР од последното коло од ланската сезона ќе го паметиме додека сме живи, но сега тоа ќе треба да го оставиме зад себе и да размислуваме само за освојувањето на нови трофеи“ изјави Компани веднаш по потпишувањето на новиот договор.

- Реклама -