„Комити“ не признаваат „северна“, па ни трибина – ја преименуваат во „спроти јужна“

На Фејсбук страната на „Комити Скопје“ е објавено „важно“ соопштение. Како што се вели во истото, тие сметаат дека земјата е под окупација, па поради аверзија кон зборот „северна“, веќе нема ја споменуваат северната трибина на Градскиот стадион „Филип Втори“, туку ќе ја викаат „спроти јужна“.

„На натпреварот со Работнички каде формално сме гости, ќе бидеме лоцирани на Трибината СПРОТИ ЈУЖНА. Поради аверзија од фактот дека сме под окупација нема да споменеме која е трибината. Додека се градеше нашиот Запад цела сезона бевме на таа трибина, делот до Западната трибина.
Таа трибина од овој натпревар ја преименуваме во “Спроти Јужна” во нашата комуникација, и одлуката стапува на сила првиот натпревар кога Вардар ќе биде домаќин на нашиот Градски (ако се смилуваат душегрижниците некогаш да се вратиме во нашиот дом). Апелираме и ФК Работнички да се приклучи на иницијативата“, велат „Комити“.

- Реклама -