Колумна на Горан Михајловски, за „САКАМДАКАЖАМ.мк“
Комичарите добија сериозна конкуренција во вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи. Откако со Париз и Берлин ја нареди работата да добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ, тој сними филмче како самиот вози кола и проверува дали таблите на државните институции се двојазични. Па самиот си се пушти на Фејсбук, да го видиме како зад воланот се јавува кај директорите што уште не ставиле нови двојазични табли, за да ги искара. Што е сериозна стендап комедија, направена по европски стандарди. Сосе музика во филмчето.
Комедијата има и продолжено дејство за забава на публиката. Се вклучува и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Како епизодна, ама многу значајна личност за евроинтеграциите. Полицијата го казнила Бујар затоа што зборувал на мобилен додека возел. Ја загрозил безбедноста во сообраќајот од што се грижел за евроинтеграциите. Жртвуваше многу во битката за двојазични табли. 25 казнени поени во сообраќајната книшка за прекршоци.
И наместо на Бујар да му се оддаде признание за неговата мултифункционалност – ем лекар, ем евроинтегративец, ем возач, ем инспектор, ем комичар, ем совесен граѓанин што плаќа сообраќајни казни – мрчаторите почнаа да му фаќаат кусури. Зошто не отишол до Мала Речица да види дека во седиштето на ДУИ немало македонско знаме. Атакуваат на неговите национални чувства… Продолжува ТУКА.