Комерцијална банка со поддршка за македонскиот фудбал и во наредните три години

Како докажан филантроп Комерцијална банка ја продолжува соработката со Фудбалската федерација на Македонија со нов тригодишен договор за спонзорство, кој ќе обезбеди поддршка за развој и успеси на македонскиот фудбал.

Водени од мотото дека Полесно е заедно да стигнеме до нови успеси, Комерцијална банка верува дека со својата поддршка ќе обезбеди нов импулс за подобри услови, поголеми успеси и нови победи на македонските фудбалски репрезентации и воопшто на македонскиот фудбал.

„Фудбалот носи магија во себе која обединува, која и невозможното го прави возможно, која се бори за победа и верува во успехот. И сето тоа вреди, не само за играчите кои живеат за фудбалот, туку и за навивачите, но и за општеството кое сака да се радува на заедничките успеси и победи. Фудбалот е тимска игра и фудбалерите најдобро знаат дека многу е полесно заедно да стигнат до посакуваната победа. Ние во Комерцијална банка исто така веруваме во заедничкиот успех и сакаме заедно да стигнеме до многу посакувани победи“, истакна д-р Никола Џамбазовски, Главен директор за продажба и развој и член на Управниот одбор на Комерцијална банка на прес-конференцијата по повод новиот тригодишен договор за спонзорство помеѓу Комерцијална банка и ФФМ.

Комерцијална банка официјално стана пријател на македонскиот фудбал во 2021 година, во пресрет на премиерното учество на Македонија на ЕУРО 2020 и во изминатите три години обезбеди значајна финансиска поддршка за фудбалските репрезентации и за негување на фудбалот како спортска активност која создава здрави, амбициозни и одговорни млади генерации.

Прочитајте и:  Македонската репрезентација бележи пад од две места на најновата ФИФА ранг-листа

По повод новата поддршка, Директорот на А фудбалската машка репрезентација, Данчо Масев, изрази голема благодарност до Комерцијална банка.

„Партнерството кое го започнавме пред три години, а денеска го продолжуваме за нови три, претставува значаен придонес за промовирање и развој на спортот што сите го негуваме. Посветеноста на Комерцијална банка кон заедницата и промовирањето на здрави навики и вредности совршено се усогласува со нашите вредности и цели. Поддршката не само што ќе ни овозможи да ги подобриме нашите програми, туку и ќе биде поттик да ја инспирираме следната генерација фудбалски репрезентативци кон нови победи“, изјави Масев.

Во името на репрезентативците од машката А репрезентација благодарност изрази Столе Димитриевски.

„На сите нас ни е драго што партнер како Комерцијална банка останува со семејството на македонската фудбалска репрезентација. Ова партнерство е повеќе од само спонзорство, тоа е посветеност на тимска работа и заеднички вредности. Како фудбалер, ја знам важноста да се има силна поддршка и на теренот и надвор од него. Со Комерцијална банка покрај нас уверени сме дека ќе ги постигнеме нашите цели. Нивната посветеност на спортот и здравите општествени навики совршено се усогласува со нашата мисија“, порача Димитриевски.

Комерцијална банка е компанија која силно верува во домашната економија, во потенцијалите на домашните компании, во напредокот на нашето општество и на граѓаните, а и во иднината на македонскиот спорт. Затоа Банката е истакнат корпоративен филантроп и со својот придонес помага сето ова да стане возможно, полесно и побрзо.

Комерцијална банка

- Реклама -