Како што имаше прилика да се увери денес јавноста, студентскиот „Пелагонија“ повеќе личи на дива депонија отколку на дом, макар и привремен, на академската младина во земјава. Како ваквото однесување на дел од „академските граѓани“ да не беше доволно разочарувачко, некои од нив фатија по друштвените мрежи да се расфрлаат со аргументи во одбрана на џитосувањето на ѓубрето директно под прозор. Го покривме името на девојчето зашто греота е, може ќе се свести. А во меѓувреме, читајте и плачете: