Комбинацијата од мед и млеко е мед и млеко за здравјето

Млекото е одлично за хидратација, поздрави коски, регулирање на крвниот притисок, намалување на ризикот од настанување на кардиоваскуларни болести, спречува гојазност и дијабетес тип 2, а некои студии покажуваат и дека го намалува ризикот од рак на дојка и рак на дебелото црево.

Медот е одличен засладувач, извор на енергија, одличен е за губење на тежината бидејќи ја поттикнува потрошувачката на масти, ја подобрува издржливоста, а има и антибактериски, антифугални и антиоксидантни својства.

Иако веројатно во секое време имате мед и млеко во кујната, веројатно ретко размислувате колку овие две состојки се моќен лек. Да пробаме да го смениме тоа.

Нега на кожа

И медот и млекото имаат антимикробни својства, кои уште повеќе доаѓаат до израз кога овие две состојки се мешаат. Бројни средства за нега на лице се прават со млеко и мед. Интересно е што оваа комбинација се користи во здравствени центри низ различни делови од светот. Измешајте 3 лажици топло млеко и 1 лажичка мед, натопете парче памук во смесата и исчистете го лицето.

Издржливост

Чаша млеко и 2 лажици мед во утринските часови ја подобруваат издржливоста во текот на денот. Млекото содржи протеини, а медот потребните јаглехидрати. Млеко со мед можат да пијат сите, без оглед на возраста и полот.

Го успоруваат стареењето

Истражувањата покажаа дека медот и млекото, кога станува збор за стареењето, делуваат на целото тело, а не само на лицето. Многу древни цивилизации (Грци, Римјани, Египќани и Индијци) пиеле млеко и мед за да ја зачуваат својата младост.

Антибактериско дејство

Истражувањата покажуваат дека комбинацијата од мед и млеко е поефикасна против стафилокус (грам-позитивна цревна бактерија) отколку млекото и медот посебно.

Варење

Шолја топло млеко со 2 лажички мед ќе помогне при запек, подуеност и цревни болести.

Респираторни болести

Топлото млеко е одличен лек за настинка и кашлица, исто како и медот. Со спојување на нивните својства добиваме уште подобар лек.

Добар сон

Знаете што е подобро од шолја топло млеко пред спиење? Шолја топло млеко со лажичка мед. Премногу шеќер ќе го разбуди и вознемири, но сосема малку глукоза ќе му јави на вашиот мозок да го „исклучи“ орексинот – невротрансмитерот одговорен за будноста во текот на денот.

- Реклама -