Командант на ирачка формација поддржана од Иран убиен во воздушен напад во Багдад

Американската војска изврши напад во Багдад против водач на ирачка милиција  обвинет за напади врз американските сили во таа држава, при што тој и уште едно лице загинаа, изјави денеска американски официјален претставник.

Нападот бил извршен врз автомобил во Багдад – врз водач на групата Харакат ал Нуџаба, додаде американскиот функционер, без да го именува.

Сојузот на шиитски милиции наречен Сили за народната мобилизација, која е под контрола на ирачката армија, објави дека нејзиниот заменик-началник за операции во Багдад, Муштак Талеб ал-Саиди, бил убиен во напад врз штаб за логистичка поддршка „како резултат на брутална американска агресија“.

- Реклама -