Колумбија призна брак меѓу тројца мажи

– Ги земаш ли овие двајца да ти бидат сопрузи?
– Да.

… И така три пати.

Хомосексуалните бракови во Колумбија се дозволени уште од 2016-та. На почетокот на месецов, на 3 јуни, земјата официјално призна и брак помеѓу тројца мажи, известуваат тамошните медиуми деновиве.

„Сакавме да го официјализираме нашиот дом, нашето семејство. До сега не постоеше законска рамка во која би нé признале како семејство“, вели Виктор Уго, еден од тројцата брачни партнери.

На хомосексуалните парови во земјата им е дозволено и да посвојуваат деца.

- Реклама -