Колку ја чинеше Македонија забраната за купување алкохол по 19 часот?

Освен тоа што требаше да му ја мислиме уште од сабајлето во 7:30 дали ќе имаме гости, или пак дали сме некаде на гости  вечерта, па дали ќе имаме време да се стрчаме после работа да купиме едно вино, или гајба пиво, за да не се резилиме дека сме го утнале саатот, загубата од донесувањето на забраната за купување алкохол по 19 часот односно 21 часот е многу поголема…

Министерството за економија за два месеца треба да подготви измени на Законот за трговија со кои ќе се укине ограничувањето за продажба на алкохол по 19 односно 21 часот и ќе се овозможи продажба и во кисоци со поседување лиценца, информираа денеска од ресорното Министерство.

Информацијата за законските измени Министерството за економија ја презентираше на вчерашната владина седница, а како резултат на реализираната посета на компаниите во рамки на проектот „Учиме од бизнис заедницата“.

Порталот eMagazin си има направено супер анализа во однос на загубата од за забраната за купување алкохол по 19 часот, во прилог интро од текстот …

Пресметките на Комората се дека,само во првите три години од воведувањето на забраната,производството на домашната индустрија за пиво се намалило за цели 25%, односно за околу 180.000 хектолитри.  

Покрај евидентната загуба на компаниите од ваквиот пад во производство, пресметките покажуваат дека загубила и двжавата.

Имено, вкупната загуба во буџетот на државата од ненаплатени акцизи и ДДВ заради падот во домашната пивска индустрија, во првите три години од приомената на законотдостигнала14 милиони евра.

Повелете и линк до целиот текст – ТУКА

 

- Реклама -